„Кога бил грофот циција?“: Десетгодишно дете од Србија го честело цело школо со заштедата на родителите

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI / илустрација

Ученик од четврто одделение од основно училиште во српскиот град Алексинац ја нашол дома целата заштеда на неговото семејство – 3.000 евра, кои несебично ги споделил со другарите, честејќи ги „за сите пари“, јавија локалните медиуми.

Според „Нова С“, парите подоцна им биле вратени на мајката и на таткото на детето, откако родителите на неговите другарчиња забележале дека нивните деца се полни со пари за кои не знаат од каде им се. Дека има вистина во овие наводи индиректно потврди и раководството на училиштето, наведувајќи дека се работи за „приватна ситуација меѓу родителите, која била надмината со добра соработка“.

Според зборовите на еден родител, чие дете ја посетува оваа образовна институција, детето донело три илјади евра од семејната заштеда во училиштето, кои решило „да ги сподели со општеството“.

„Им делел пари на соучениците, секој добивал од педесет до 100 евра. Ги одвел децата на пица и колачи. Ова се дозна дури кога родителите нашле пари во џебовите на децата. Децата ја криеле вистината од родителите, додека не се вмешал директорот на училиштето. По родителската средба, сите пари му се вратени на семејството на детето“, вели еден жител на Алексинац за српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот