Ќофтенца од хелда: Гурманско уживање за целото семејство

Unsplash
Unsplash

Претпразнично подгответе еден специјалитет во кој ќе ужива целото семејство, а доколку постите  овие ќофтенца од хелда нека бидат вашиот празничен ручек. По постењето секогаш знае да се претера со месо, јајца и сувоменати производи. Прославете го еден од најубавите празници со овој лесен и вкусен рецепт.

СОСТОЈКИ:

– 1 чаша варена и исцедена хелда
– 1 чаша издробено тврдо кравјо сирење
– 2 јајца
– 2-3 лажици брашно
– 2 лажици сечкан магдонос
– сол и црн пипер
– лебни трошки
– масло

ПОДГОТОВКА:

Сварената хелда (се вари во сооднос 1:3, еден дел хелда, 3 дела вода, додека омекне, 4-5 минути) измешајте ја со јајцата, здробеното сирење, брашното и зачините. Измешајте добро да се соедини смесата, па оставете ја во фрижидер да стои некое време. Потоа направете помали ќофтенца, валкајте ги во лебни трошки (или можете во брашно) па пржете ги во врело масло. Потоа ставајте ги на хартиени салфетки да се исцеди вишокот маснотија. По желба можете да ги наредите во тепсија и да ги испечете во рерна 20-30 минути.

Совет плус: Ќофтенца од хелда можете да ги сервирате заедно со тестенини. Сварете фи вашите омилени тестенини, ставете ги ќофтенцата и наросете малку сирење. Вистинско уживање за целото семејство.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот