КОЕЉО И СЕ ИЗВИНИ НА ФРАНЦИЈА: Простете ми, простете ми илјада пати (ВИДЕО)

„Простете ми, простете ми илјада пати“, се извини бразилскиот писател Пауло Коељо за навредите и недипломатските изјави што на Франција и ги упати претседателот на Бразил , Жаир Болсонаро за пожарите во Амазонија.

Коељо на Твитер формира движење на поддршка на првата дама на Франција , Брижит Макрон на чиј изглед се исмеваше Болсонаро, за кои Емануел Макрон рече дека изразуваат „крајно непочитување“.

„Ова е тажно видео со кое им се извинувам на моите француски пријатели за кризата. Јас би рекол поради хистеријата на Болсонаро кон Франција, францускиот претседател и неговата сопруга“, рече Коељо на снимката објавена на Твитер.

Писателот, роден во Рио де Женеиро во 1947 година е еден од најчитаните автори во светот, а неговиот „Алхемичар“ е продаден во десетици милиони примероци.

„Додека Амазонија гори, тие немаат никакви аргументи и (само) навреди, негираат и зборуваат глупости само за да не преземат одговорност“, додаде писателот, обраќајќи им се на бразилските власти.

„Ова е мрачно време за Бразил и ќе помине додека трае ноќта (…) Јас го нудам моето извинување“, додаде писателот, кој е „мировен амбасадор“ на ООН и основач на фондацијата „Пол Коељо“ во Рио, која им помага на сиромашните и жртвите на дискриминација во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот