КОД: Мазутот од Супертрејд за РЕК Битола со повеќе вода и суплементи, откри инспекторатот

РЕК Битола / Фото Архива на Слободен печат

На 16 јуни годинава, 5 цистерни полни со мазут требало да ја поминат царинската управа. Крајна дестинација им бил најголемиот производител на струја во земјава, државната РЕК Битола. Цистерните биле од увозникот Супертрејд фирма кај која инспекторатот веќе претходно утврдил неправилности кога истата се обидела да внесе мазут кој не ги исполнувал стандардите, односно имало повеќе вода и пепел во него, објавува Код.

После пишувањата на КОД за се позачестениот увоз на опасно масло наместо мазут, царината и инспекторатот потпишаа мемурандум – дека ќе соработуваат па сега за секој увоз на гориво, царината ги известува инспекторите за да се провери дали е потенцијална еколошка опасност течноста која е товарена во цистерните.

-Така било и минатата среда. Инспекторите одлучиле да не се задржуваат цистерните за да нема застој, но конвојот со патрола бил пречекан пред вратите на РЕК Битола. Таму од сите цистерни се земени примероци за да се истражи што ќе соогорува рекот при неговото производство. Мострите се однесени во акредитирана лабораторија, објави Код.

„На 25 јуни до АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола доставено е Уверение за квалитет на масло за горење – мазут, според кое во земениот примерок сите испитувани карактеристики: Густина на 15 степени Целзиусови, Точка на палење – затворен сад, Кинематска вискозност на 100 степени Целзиусови, Содржина на сулфур, Содржина на кокс, Содржина на пепел и Топлина на согорување и се во границите на дозволеното. Во примерокот, единствено карактеристиката вода и седименти отстапува од најновиот Правилник за квалитет на течни горива и македонскиот стандард за квалитет на масла за горење” – тврдат од РЕК Битола за Код.

Но, КОД дознава дека во меѓувреме и државниот инспекторат за животна средина и наложил на државните електрани да си ги испитаат примероците кои ги имаат во своите складишта во РЕК Битола.

Таму во моментот на испитувањето се чувале 313 тони залиха на мазут од фирмата Супертрејд која според податоците од РЕК Битола ја снабдува скоро две години и од овие примероци се земени мостри за проверка.

РЕК Битола не бил единствената мета за проверка на крајните потрошувачи на мазутот кој доаѓа од сомнителните увозници.

И поранешно кавадаречко Фени, а сега Еуроникел го троши во големи количини како гориво за производтсвото и од тамошните резерви биле земени мостри. Резултатите покажале дека во мазутот кој го користат има повеќе вода од дозволениот 1 процент но не се знае кој е точно увозникот.

Проблем е што Еуроникел набавува од повеќе фирми па не може да се следи трагата на оној кој го донел баш тој мазут кој бил затечен во резервоарите, се наведува во емисијата на ТВ Телма и се откриваат и наодите на инспекторите дека пумпите Гулф на Супертрејд и пумпите на Евроактива имале бензин со помалку октани и дали се почитувала забраната да не се точи истиот.

Се чека на третата супер анализа која треба да утврди дали бензинот имал 95 или 94 октани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот