КОД: Колкава плата земале Јанева и останатите обвинители на СЈО?
Платите во СЈО се состојат од три дела, според пресметките на тимот на емисијата КОД. Постојат плата со стаж, додаток за ризик и доверливост и надоместок за тајност на преслушаното и бомбите.
Катица Јанева, според пресметките на КОД, земала 70.000 денари плата и додаток од 34.454 денари, па според тоа месечните примања и биле околу 105.000 денари.
Другите десет обвинители во СЈО имаат плати исти како обвинителите во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, односно помеѓу 80.000 и 85.000 денари.
За крај, на овие приходи се додава и надоместокот за тајност на преслушаното и бомбите. Таа е тајна и доверлива информација и никој не може да ја декласифицира.
Целата анализа на КОД прочитајте ја тука.