Коцо: Како јавна личност како Камчев може да биде заштитен сведок?

Поранешната судијка, Вера Коцо во гостувањето на Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ вели дека како граѓанин и како поранешен судија на Врховниот суд од една страна е заинтересирана за она што се случува во земјата, а од друга страна не може да бидам слепа како се одвиваат работите.„Пред се би сакала да кажам дека изминатиот период, судството во кое што го вклучувам целиот правосуден систем и обвинителството, имаше ситуации во кои навистина можеше да се зборува дека нивната работа не е на ниво кое се очекува од нив. Заради таквите појави кои се случија изминатиот период, особено 2015-2016 година, па и пред тоа, доведоа до некои состојби кои што нашата држава ја доби референцата „заробена држава“. Тоа сигурно не беше само кажано за да ние бидеме ставени во некоја ситуација на пониско ниво, туку тоа беше вистина, изјави Коцо.
Прочитајте и...  Кина ќе има вакцина против Ковид-19 околу крајот на јуни
Таа вели дека во тој период беше и политичката криза во нашата земја и заради тоа беше донесен законот и беше формирана институцијата СЈО, од која многу се очекуваше. Според неа, сите граѓани и стручната фела очекуваа многу, но за жал работите се изместија и дојде до тоа што дојде.„Со самото тоа што веќе некои луѓе од судството се најдоа на обвинителна клупа, а некои разрешени од функцијата, значи дека државата и судството како посебна власт сепак успева да се справи со тие настанати состојби“, смета Коцо.Недозволено е врховен судија да чува предмети во фиока, вели Коцо.„Од повеќе аспекти – како носител на судската власт, прв човек во судската власт. Па и другите судии, и тие кои што биле во тие Совети во кои се решавале 30 предмети значи постојат, за да после неговото заминување да се откријат од неговиот заменик. За мене тоа е недопуштено и сметам дека Судскиот совет мора да преземе мерки за разрешување на овие состојби“, смета таа.
Прочитајте и...  Мирко Петровски: Мицкоски дојде во теретаната за да си ја земе опремата
Околу новиот Закон за ЈО и прислушуваните разговори Коцо смета дека ако се тргне од максимата од Римското право каде има едно правило – salus populis suprema lex esto – Се што е во интерес на народот треба да биде највисок закон и заради тоа прислушуваните разговори треба да бидат елементи на остварување на правдата.„Дали Орце Камчев е заштитен сведок? Сите знаат кој е тој, како настапува и јас не знам во што е неговата заштита. Што значи заштитен сведок и дали неговото јавно експонирање значи заштитен сведок. И што ќе се случи доколку тој се појави во некој друг случај како заштитен сведок?“, вели Коцо.

Прочитај повеќе

Опаѓа бројот на заразени од Ковид-19 во Германија

Слободен печат

Заболени тројца свештеници од Московската епархија

Слободен печат

Можно ново зајакување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19

Слободен печат

Прв тигар во светот заразен со коронавирус

Слободен печат

Денес треба да пристигне нова група македонски државјани од Велика Британија

Слободен печат

Вчера потврдени 5 нови случаи на Ковид-19 во Косово, вкупно 145 заразени

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Сончево време со температура до 17 степени

Слободен печат

Виц на денот – Дивјаци

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Спасени 15 мигранти кои се обиделе да преминат од Франција во Велика Британија

Слободен печат

Епидемиологот Пашагиќ почина од последиците на коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Ова се моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање

Слободен печат