Коцката е фрлена: Албанија ги враќа казината во центарот на Тирана

Фото: EPA/YM YIK

Албанската Влада одлучи повторно да ги врати игрите на среќа во Тирана од каде ги дислоцира на нејзината перифирија пред две години. Во Службен весник е објавена одлуката со која се овозможува отворање на казината во главниот град, па дури и во нејзиниот строг центар.

Во 2018 година, Рама изјави дека игрите на среќа ќе може да работат само на периферијата на Тирана и во хотелите со пет ѕвезди, но сега ќе бидат дозволени на повеќе главни улици во претолнината, кои се наведени во одлуката, потпишана од вицепремиерот Ерион Браче. Одлуката е донесена по предлог на министертвото за финансии и економија.

Најавувајќи ја одлуката, во октомври 2018 година, премирот Еди Рама рече дека со „новата година ќе умрат казината, обложувалниците, како и онлајн обложувањата” по што беше донесена одлука која стапи во сила од први јануари во 2019 година.

Коментирајќи ја одлуката за повторно отворање на казината, владеачкото мнозинство ја оценува како исправна бидејќи ја помага економијата и туризмот, додека за опозицијата тоа е одлука која Рама ја носи за изборна цел, пред парламентарните избори закажани за 25 април следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот