Коцијанчиќ: Насилството против демонстрантите во Хонг Конг е неприфатливо

Европската комисија денеска соопшти дека неприфатливо е насилството како одговор на ескалираните антивладини протести во Хонг Конг и властите ги повика да делуваат „строго сразмерно”.

– Видовме извештаи дека полицијата апси медицински персонал додека се обидува да пружи помош на повредените, што е извор за длабока загриженост, изјави на брифинг портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Маја Коцијанчиќ, пренесена од британските медиуми.

Според неа, секое насилство е неприфатливо и било каква акција на органите за спроведување на редот мора да остане строго сразмерна на однесувањето на демонстрантите, но мора да се почитуваат и темелните слободи, вклучувајќи го и посебното право на мирно собирање и изразување.

Коцијанчиќ изјави дека ЕК ги повика сите страни да се воздржат и вклучат во напорите за смирување на ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот