Коцевски: Состојбата со Ковид-19 во Велес и Велешко е стабилна

Амбулантно возило /Фото: Архива на Слободен печат

Нозозаболениот е член на семејство во кое веќе има инфицирано, кој веќе пет-шест дена се наоѓал во домашна изолација, а сега е потврдено дека е инфициран.

Во изминатите 24 часа во Велес има регистрирано еден новозаболен, а двајца се излекувани – едниот бил на Инфективното одделение во велешката Општа болница и еден на домашно лекување. Во Велес и велешко досега од Ковид-19 моментално активни се 40, на прес информира градоначалникот Аце Коцевски по одржаната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Нозозаболениот е член на семејство во кое веќе има инфицирано, кој веќе пет-шест дена се наоѓал во домашна изолација, а сега е потврдено дека е инфициран.

-Утрово во Инфективното одделение при велешката болница биле згрижени 16 пациенти, од кои 14 се позитивни. Од нив седум се жители на Општина Велес, има седум од селото Горно Јаболчиште, еден е од Градско и еден од Кавадарци, информира Коцевски.

Здружението на матични доктори го известиле дека постои поголема раздвиженост кај пациентите и нивниот впечаток е дека граѓаните како да ја запоставуваат опасноста и вршеле притисок за прегледи кај специјалисти.

-Препораката на матичните лекари е дека треба сеуште да бидеме многу внимателни, потенцира Коцевски.

Тој состојбата со Ковид-19 во Велес и велешко ја оцени како стабилна, но им порача на граѓаните да бидат претпазливи за да не ескалира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот