Коцевски: Постои вознемиреност во Велес, да се земат повеќе брисеви за да се намали паниката

Велешкиот градоначалник, Аце Коцевски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше за тоа како Велес се справува со кризата од коронавирусот.

-Од минатиот петок сум во карантин, но благодарение на современата технологи може и да се работи од дома. Се обидуваме Велес да функционира колку што е тоа можно и се надевам дека тоа го правиме со успех. Постои вознемираност во градот. Моја желба до министерот е да се земат повеќе брисeви и така би придонеле да се намали паниката и спречување на ширење на вирусот, вели Коцевски.

Тој повика на солидарност и поддршка за заболените од коронавирус.

-Морам да напоменам, дека во ниеден случај не смееме да ги стигматизираме заболените од вирусот. Треба да ги охрабриме и поддржиме што побрзо да се справат со вирусот, изјави Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот