Коца: Истамбул е турски Вухан

Според последните податоци, во Турција потврдени се вкупно 101.790 случаи на корона, а починале 2.491 заболено лице.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коца, го спореди Истамбул со кинескиот град Вухан кој беше најголемото жариште на корона вирусот во Кина и од каде што почна да се шири Ковид – 19.

Коца тврди дека овој град е главен епицентар на заразата во Турција.

– Истамбул е турски Вухан, истакнал Коца во интервју за провладиниот весник Сабах, тврдејќи дека ширењето на Ковид – 19 во овој турски град е ставено под контрола и се следат контактите, а процесот го спроведува тим од експерти.

– Тие ги следат трагите како медицински детективи, рекол Коца, додавајќи дека во спротивно би било тешко да се стави под контрола ситуацијата со вирусот во овој град.

Според последните податоци, во Турција потврдени се вкупно 101.790 случаи на корона, а починале 2.491 заболено лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот