Коцкари од Тетово дивееле во казино, ги искршиле апаратите

казино
Фото: Unsplash

СВР Тетово информира дека се приведени двајца осомничени кои рано утрово оштетиле казино во градот и се однесувале агресивно кон вработените.

„Полициски службеници на СВР Тетово околу 5 часот и 50 минути на улица „121“ во Тетово ги привеле Е.М.(42) од Тетово и А.М.(29) од тетовско Боговиње, кои во казино го нарушиле јавниот ред и мир, се однесувале агресивно и оштетиле дел од опремата во објектот“, велат од тетовската полиција.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против двајцата ќе следуваат поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сличен случај во Тетово имаше и пред неколку месеци, кога двајца играчи, нервозни поради тоа што изгубиле пари, повредија полицајци, обидувајќи се да го запалат казиното со молотови коктели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот