Кочов: Загубивме од подобар тим од нас
Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов спортски го призна поразот од Приморска со кој ја пропушти првата шанса да се обезбеди пласман во АБА лигата. На крајот Приморска триумфира во финалната серија со 3:0 во победи.
– По тешките нокаути во Словенија, денеска можам да бидам задоволен од реакцијата на играчите и нивното играње во претходно одредениот систем. Испочитувавме сѐ во одбраната, го спуштивме противникот под 70 поени, но немавме добра реализација. Немаме време за жалење, веднаш се насочуваме кон дуелите со Задар, против кого ја имаме втората шанса за враќање во АБА. Не загубивме од послаб ривал од нас. Приморска е одличен состав со поголем буџет од нас и затоа можеме само да им честитаме за овој голем успех – изјави Кочов.
МЗТ Скопје има уште една шанса да обезбеди пласман во АБА лигата преку баражот со Задар, кој ќе се игра до две победи.