Кочов: Загубивме од подобар тим од нас

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов спортски го призна поразот од Приморска со кој ја пропушти првата шанса да се обезбеди пласман во АБА лигата.  На крајот Приморска триумфира во финалната серија со 3:0 во победи.

– По тешките нокаути во Словенија, денеска можам да бидам задоволен од реакцијата на играчите и нивното играње во претходно одредениот систем. Испочитувавме сѐ во одбраната, го спуштивме противникот под 70 поени, но немавме добра реализација. Немаме време за жалење, веднаш се насочуваме кон дуелите со Задар, против кого ја имаме втората шанса за враќање во АБА. Не загубивме од послаб ривал од нас. Приморска е одличен состав со поголем буџет од нас и затоа можеме само да им честитаме за овој голем успех – изјави Кочов.

МЗТ Скопје има уште една шанса да обезбеди пласман во АБА лигата преку баражот со Задар, кој ќе се игра до две победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот