Кочов пред Широки: Имаме болни играчи, но не сме без шанси!

фото: druga.aba-liga.com

– Пред нас е тешко гостување против директен противник во битката за што подобра позиција пред плејофот – вели играчот на МЗТ, Стојановски.

Денеска во рамките од 19. коло во кошаркарската АБА2 лига македонскиот шампион МЗТ Скопје гостува кај екипата на Широки Бријег во Босна и Херцеговина.

Дуелот ќе стартува од 18.00 часот, а клубот од Аеродром ќе се обиде да им се врати на победите после двата порази по ред од Сплит и Хелиос Домжале.

Тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов:

– Нѐ очекува тешко гостување, пред сѐ во делот на долгиот пат кон БиХ. Згора на тоа, имаме проблеми со болни играчи што дополнително ни ја отежнува ситуацијата. Ќе биде тешко да се совлада Широки на негов терен, но мислам дека не сме без шанси. Мора да ја спречиме нивната игра во транзиција, како и да бидеме најмалку израмнети во скокот. Очекувам правилен пристап од моите кошаркари, а не смееме во ниту еден момент да делуваме летаргични, особено не во одбраната, која мора да биде компактна ако сакаме да ги неутрализираме играчите со кои располага противникот, пред сѐ мислам на Матео Дрежњак, Зубац, Краљевиќ, Филиповиќ..

Кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски:

– Пред нас е тешко гостување против директен противник во битката за што подобра позиција пред плејофот. Мора да одиграме најдобро што знаеме и дадеме сè од себе. Само така ќе може да се надеваме на позитивен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот