Кочов: Ништо не е готово, не чека нова тешка битка – Слободен печат
КошаркаСпорт

Кочов: Ништо не е готово, не чека нова тешка битка

Стратегот исто така предупредува дека не смее да има опуштање по победата, бидејќи за триумф се потребни три победи.

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов е задоволен од прикажаната игра на неговите кошаркарите и од победата. Стратегот исто така предупредува дека не смее да има опуштање по победата, бидејќи за триумф се потребни три победи.

– Во натпреварот влеговме накако во грч и промашивме многу отворени шутеви. Бевме нервозни, бидејќи знаевме колку е значаен овој натпревар за нас. Од друга страна, Работнички влезе растоварено, но во последните четири до пет минути дојде до израз нашиот квалитет и тоа го реши натпреварот. Дамјан Стојановски одигра одлично и тоа за мене тоа не е изненадување. Јас тоа и го очекувам од него, но и од сите останати. Мора да го пофалам тимот, зашто сите имаат заслуга за оваа победа, од тие на паркетот, до оние што беа на клупа. Меѓутоа ништо не е готово, нѐ чека уште една тешка битка пред нашата публика која воопшто нема да биде лесна – рече Кочов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close