Кочов: Не очекував вака лесна победа

фото: кк МЗТ Скопје

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов е среќен по убедливиот триумф од 68:93 на неговите кошаркари во вечното дерби против Работнички.

– Среќен сум што победивме во „Градски Парк“, посебно што победивме во ваква навивачка атмосфера. Не очекував ваква лесна победа и ќе излажам ако кажам поинаку. Задоволен бев од подготовките, не мислев дека вака ќе заврши мечот, но се случува. Бевме агресивни во одбраната и тоа го реши натпреварот, како и пократката клупа на противникот – изјави Кочов.

За разлика од Кочов, тренерот на Работнички, Димитар Мираковски, очекувано е разочаран од играта и резултатот.

– Поразот од дебитантот Академија ФМП не боли колку што нѐ боли неуспехот против најлутиот ривал. Факт е дека формата и квалитетот се на страна на МЗТ Скопје, но не можам да го простам незалагањето на моите кошаркари. Сме имале и три пати послаба екипа од ривалот, па сме го победувале. Можно е да има промени и некои дополнителни засилувања, утре ќе одлучиме што ќе правиме – рече Мираковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот