Кочов: Не го оставам тимот на цедило

Ѓорѓи Кочов, тренерот на МЗТ Скопје е разочаран од поразот и пропуштената шанса за влез во АБА 1 Лигата.

– Честитки на тимот на Задар за победата, иако немаше да биде незаслужено доколку успеевме и ние да славиме на овој натпревар. Имавме игра, имавме и убедлива предност во второто полувреме, но за жал не успеавме да ја сочуваме. Немавме одговор на нивната игра со тројца високи кошаркари – изјави Кочов.

Освен тренерот, разочарани од поразот се и навивачите на МЗТ Скопје, кои на крајот бараа одговорност од тренерот.

– Жалам што не ја израдувавме публиката, која дојде во навистина голем број.  Хрватската публика на првиот меч викаше и по играчите на Задар, па еве сега тие победија тука. Што треба сега, да дадам оставка и да го оставам тимот на цедило. Постои управа која ќе ја разгледува мојата работа, одговорност секогаш сноси тренерот. Дда не заборавиме дека наша цел на стартот беше влез меѓу најдобрите четири екипи во АБА2, и еве игравме во финалето, бевме на чекор до победата. Но за жал не славевме иако многу го посакувавме тоа“ – рече Кочов на прес конфернцијата по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот