Кочов: Ги знаеме слабите страни на Ловќен

фото: кк МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион кој сезонава претендира за враќање во најквалитетното регионално натпреварување денеска ќе има нова задача во АБА2 лигата.

МЗТ Скопје Аеродром од 18.00 часот во Цетиње (Црна Гора) ќе ги одмери силите против Ловќен 1947 Бемакс.

Моментно на табелата „металците“ предводени од тренерот Кочов се второпласирани со 18 бодови, еден помалку зад водечкиот Борец, а Ловеќе е на 10. место со 14 бодови.

Ѓорѓи Кочов, тренер ма МЗТ Скопје Аеродром:

– Против себе ќе имаме екипа која игра квалитетно, особено на домашен терен и која има искусни кошаркари на сите позиции. Фактот што Ловќен игра пред своите навивачи го прави овој тим за фаворит во оваа пресметка. Но, ги знаеме нивните силни и слаби страни и подготвени сме да дадеме сè од себе за да го однесеме мечот во неизвесна завршница и во неа да славиме. Очекувам максимална индивидуална одговорност кај секој од моите играчи.

Бојан Радуловиќ, играч на МЗТ Скопје Аеродром:

– Нѐ очекува незгодно гостување, против тим кој игра одлично на домашен терен. Но, мислам дека доколку одиграме како што знаеме, тогаш ќе може да се надеваме на триумф.

Минатата сезона во АБА2 лигата, МЗТ двапати беше подобар, на гости со 67:85 и дома со резултат 100:90 во СЦ „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот