Кочанец почина откако падна од кровот на својата викендичка

На 04.11.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во село Пантелеј, кочанско, Л.Г.(61) од Кочани, при изведување на градежни работи во викендичка, паднал од кровната конструкција, при што починал.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот