Кочанец тешко повреден откако паднал од мотор

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Триесет и петгодишен кочанец е тешко повреден откако возејќи мотоцикл изгубил контрола и паднал.

„Вчера во 17.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„14 Бригада“ и ул.„Цар Самоил“ во Кочани, Е.С.(35) од Кочани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.А.(43) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот