КОБНА воена ОБУКА: Тројца војници загинаа во Џорџија

Тројца војници загинаа, а тројца се повредени во несреќа за време на обука во воена база во американската држава Џорџија.

Војската на САД соопшти дека војниците биле во оклопно возило кога несреќата се случила, објави „Гласот на Америка”.

– Жалиме за загубата на тројцата војници и повредата на други тројца. Се молиме за семејствата погодени од оваа трагедија, се наведува во соопштението на генерал-мајор Тони Агуто, командант на Третата пешадиска дивизија во која беа настраданите војници.

Војската го оквалификува инцидентот како несреќа, но не наведе повеќе детали, додека официјални претставници од базата Форт Стјуарт засега не се изјаснија.

Базата Форт Стјуарт, основана 1940 година, е најголемата воена инсталација источно од реката Мисисипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот