КОБНА МАГЛА: Верижен судир на најмалку 35 возила во САД (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Заради густата магла на автопатот во источна Вирџинија, дошло до верижен судир во кој учестувале помеѓу 35 и 45 возила.

Заради судирот, кој се случил во утринските часови по локално време, на околу 80 километри источно од Ричмонд, автопатот е затворен во двата правци.

Од канцеларијата на шерифот било соопштено дека 45 возила учествувале во судирот, додека полицијата на Вирџинија наведува дека имало 34, пренесува Си-Ен-Ен.

Полицијата соопштила дека има повредени, но не прецизирала бројка. Се наведува дека некои лица се здобиле со помали повреди, но дека има и такви кои се сериозно повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот