КОБЕН БАКНЕЖ ВО ПЕРУ: Се бакнувале на мост, па изгубиле рамнотежа и загинале (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Љубовен пар од Перу трагично настрадал кога девојката, која седела на оградата на мостот, загубила рамнотежа и го повлекла момчето со кое се бакнувала, за и тој да падне со неа.

Во еден момент, девојката седнала на оградата и сакала со нозете да го опфати момчето, меѓутоа, тие изгубиле рамнотежа, паднале од мостот и загинале.

Двојката се обидувала очајнички да се држи за оградата, но не успеала. Паднале од 15 метри височина.

Девојката Мајбет загинала на самото место, додека нејзиниот дечко Хектор бил пренесен во болница со скршен череп, за потоа и тој да почине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот