Кобајаши не незапирлив на „Четири скокалници“

Кобајаши беше најдобар и во Бишофсхофен/ фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Јапонецот Рјоју Кобајаши триумфира во Бишофсховен и ја оствари третата победа на нобогодинешната турнеја „Четири скокалници“.
Кобајаши до победата дојде со скоковите од 137 и 137.5 метри за кои освои 291.3 поени.

Доколку победи и утре на последната станица од „Четири скокалници“, Кобајаши по втор пат ги дошол до гран слем, односно победа на сите четири скокалници од новогодинешната турнеја и ќе им се приклучи на Камил Стох и Свен Ханавалд со вакво постигнување.

На второто место во Бишофсхофен заврши Норвежанецот Мариус Линдвик кој водеше по првата серија скокви. Линдвик на крајот освои 286.6 поени за скоковите од 137.5 и 135.5 метри.
На последното место од победничкиот пиедестал се искачи Халвор Гранеруд од Норвешка кој за двата скока од 135.5 метри доби 282.4 поени.

Видео на денот