Коалицијата против Исламска држава ги прекинува воените активности во Ирак, ќе ги штити воените бази од Иран

Активностите што се прекинати вклучуваат обука со партнери и поддршка на нивните операции против Даеш.

Меѓународната коалиција за борба против Исламска држава, која е предводена од САД, денеска соопшти дека ги суспендира сите воени активности во Ирак за да се фокусира врз заштитата на својот персонал, јави ДПА.

Овој потег, наведува агенцијата, е повлечен откако Иран ги изведе ракетните напади врз ирачките воени бази во кои се стационирани американски војници, во знак на одмазда за минатонеделното убиство во Багдад на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

-Глобалната коалиција против „Даеш” во моментов ги прекинува воените активности во Ирак за да се фокусира врз заштитата на ирачките бази што се домаќини на персоналот на коалицијата – наведува воената алијанса на својот профил на Твитер, користејќи го притоа арапскиот акроним за Исламска држава.

-Активностите што се прекинати вклучуваат обука со партнери и поддршка на нивните операции против Даеш – додаде коалицијата.

Воената коалиција, сепак, наведе дека другите активности продолжуваат „нормално, вклучувајќи ја и борбата против штетната пропаганда на Даеш, стабилизирање и нарушување на нивните финансии”, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот