Коалиција Маргини во Стразбур доби позитивна пресуда во корист на трансродов маж

Коалиција МАРГИНИ во јануари 2019 во Судот во Стразбур доби позитивна пресуда во корист на трансродов маж, во случајот ‘Икс против Македонија’, во која Судот утврди дека постоечката законска рамка има јазови и сериозни недостатоци кои го довеле транс лицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет.

Управата за водење на матичните книги конечно ја изврши промената во матичната евиденција на лицето Икс.

Адвокатката од Коалицијата Маргини, Наташа Петковска, која го застапуваше случајот пред Стразбур изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК: „ Убавата вест ја дознавме пред неколку дена, среќен е за новиот почеток, среќни сме и ние. ”

Таа вели дека се подготвува нов Закон за матична евиденција што го изработува Министерството за правда кој ќе биде олеснувачки за цврстите ставови на УВМК, која без јасни законски одредби не сака да слушне да дава или да менува матични броеви на лица кои се родени во Северна Македонија.

Државата има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.

Потсетуваме дека во Република Северна Македонија постојат уште десетина тековни случаи на трансродови лица кои чекаат Управата да ја изврши промената. Владата, по донесувањето на пресудата во јуни 2019 година донесе одлука и ја задолжи Управата да изврши промена во податоците на лицето Х, но и на сите останати случаи кои се во иста или слична положба. Сепак, до денешен ден тоа не се случи.

Разговор со трансродов маж од Македонија: За секого има начин работите да излезат позитивни

Разговор со Антонио Михајлов: Да се биде трансродово лице не е избор, потребно е да се овозможи пристап до правни и медицински услуги без дискриминација (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот