Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Спречувањето на вчерашниот протест е противуставно и противзаконски

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Спречувањето на вчерашниот протест од страна на полицијата е противуставно, но и противзаконско.

Во рамките на законот за одржување на јавни собири, во кои припаѓаат и протестите, поточно член 6 од Законот, децидно се вели кога и како може да се спречува протест. 

Вчерашниот протест беше потполно мирен и протест за право, а не обратно.

Исто така, средствата или употребата на оружје од полицијата беше спротивно со Законот за полиција, конкретно членовите 80-91, каде во член91 децидно се вели што смее да  користи полицајцијата кон учесниците во еден мирен протест. 

Вчера, полицијата на Оливер и на Буши беше наоружана со калашникови со пригушивач, автоматски пушки, снајперски пушки во разни објекти, но и блиндирани возила и пизгавери. 

 Со други зборови, Скопје вчера личеше на една воена зона од големиот број на полицајци спроти мирните протести, со намера на нивно спречување или прекинување на противзаконски начин.

Полицијата беше таа што фрлаше камен и ја криеше раката, со намера да ја провоцира толпата, а тоа може да се гледа и од видео-снимките на медиумите, а тоа зборува за претходно смислено сценарио од страна на полицијата на режимот Заев-Ахмети. 

Затоа денес сме тука, преку собраните слики и видеоа, да ви ги покажеме сцените на претходните режими и новиот режим, уште посуров од тој на Груевски. 

Оваа мобилизација на полицијата не беше ни на 27 април 2017 год., иако тогаш се работеше за терористички напад кон Собранието на Р. Северна Македонија. 

Од тука го прашуваме премиерот Заев, дали вие се сеќавате кога фрливте камења и други предмети кон државните институции и никој тогаш не ве спречуваше, дури вие палевте институции?

А денес токму вие спречувате мирен протест само затоа што учесничите беа Албанци. 

Ова зборува за вашата дволичност,за вашиот морал на измамник.  

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива бара итна ослободување на приведените и оставка од Министерот Спасовски и неговиот заменик Буши поради прекршување на законот за јавни собири, но и политичка одговорност од режимот Заев-Ахмети.

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива

ГАЛЕРИЈА: Тензии и насилство на протестот против пресудите за „МОНСТРУМ“

Полицијата му ги избриша снимките од протестот на репортерот на „Слободен печат“: Нѐ снимаш во лице, па ни ги палат автомобилите

ССНМ со силна осуда за нападите врз новинарите и медиумските работници на протестите против пресудите за случајот „Монструм“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот