Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Не можете да покривате луксузни автомобили со тротинети за вработените

Фото: Facebook/Бујар Османи & МИА

Не можете да покривате луксузни автомобили со некои тротинети за вработените. Грдоста на ДУИ не може да биде покриена ниту со пудра, ниту со боја или ниту со лаги, велат од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.

– Набавката на неколку тротинети за вработените во Министерството за надворешни работи е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ. Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дибра, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили.

Сега кога министерот не успеа во секоја област на одговорност и ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери, стои во нивното соопштение.

Османи: Зелена дипломатија – новото нормално, вработените во МНР ќе користат електрични тротинети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот