Кнут Флекенштајн именуван за советник на албанскиот собраниски спикер

Поранешниот европратеник и поранешен известувач за Албанија, Кнут Флекенштајн е назначен за советник на претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи.

Флекенштајн, кој ќе работи како советник за интеграција во кабинетот на собранискиот спикер, на Твитер напиша дека албанскиот Парламент има многу значајна улога во процесот за членство во ЕУ.

– Среќен сум што започнавте да работите кон полноправно членство на Албанија во ЕУ. Албанскиот Парламент има многу значајна улога во овој процес. Му благодарам на
претседателот на Парламентот за дадената доверба. Со нетрпение очекувам да работиме сите заедно, напиша тој на Твитер.

Новата функција му ја честиташе и му поска добредојде Таулант Бала, координатор на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија.

– Добредојдовте Кнут Флекенштајн за да работиме заедно, за да не советувате за исполнување на нашите обврски за членство во ЕУ. Албанскиот Парламент останува посветен за напорно работење, одобрување и спроведување на реформите, во координација со нашите клучни партнери, особено ЕУ и САД, напиша Бала.

Кнут Флекенштајн е роден на 20 декември 1953 година и е германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент од Германија. Член е на Социјалдемократската
партија на Германија, која е дел од Партијата на европските социјалисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот