Книжна пара од 20 долари поради една грешка достигна цена од 369.000 долари

Поради печатна грешка, ретка книжна пара од 20 долари на која има налепница од еквадорскиот произведувач на банани „Дел Монте“ беше ставена на лицитација од аукциската куќа „Херитеџ аукции“, со ниска почетна цена која вртоглаво растеше.

Парата на интернет страницата од аукциската куќа била прегледана над 10,000 пати, а потекнува од серија пари печатени во 1996 година и е униканта поради налепницата која на нејзе веројатно случајно се залепила во текот на неколкуте фази од печањето.

На крај кога заврши аукцијата истата беше продадена за вртоглави 369.000 долари, а сопственикот не ја затворил продажбата, односно преку сајтот на аукциската куќа прифаќа повисоки понуди, од кои првата е над 500.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот