„Книжевноста и дните“ на македонски

Издаваштвото ,,Везилка2011“ ја објави на македонски јазик книгата есеи ,,Книжевноста и дните“ на угледниот српски поет, критичар и есеист Гојко Божовиќ.

Нагласувајќи дека поводите се мајка на есеите, Божовиќ во оваа книга во различни варијации го застапува уверувањето дека односот на книжевноста и стварноста, општествена или политичка, медиумска или идеолошка, суштински е асиметричен.

Книгата содржи четириесетина есеи поместени во три циклуса: ,,Времето и поезијата“, ,,Романсата на читањето“ и ,,Книжевноста во времето на транзицијата“. Белградската критика оваа ја пречека со оценката дека во неа ,,Гојко Божовиќ ни се претставува како сигурен повереник на уметноста без која човечкиот живот би имал помалку смисла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот