Книжевно списание: Македонска поезија е објавена во „Свеске“

Современа македонска поезија од поетите Раде Силјан, Борче Панов, Санде Стојчевски, Весна Ацевска, Иван Џепароски, Звонко Танески, Панде Манојлов, Виолета Танчева Златева, Бистра Кумбароска, Јовица Тасевски Етернијан, Ристо Јачев, Марина Мијаковска и Вања Изова Велева е објавена во српското списание за книжевност, уметност и култура „Свеске“ (бр. 137, септември 2020).

Изборот и предговорот ги направи поетот Христо Петрески, а објавата е со заслуга на Милан Орлиќ, главен и одговорен уредник на списанието „Свеске“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 52, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-12 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот