Книжевна средба со авторите Марија Павловиќ и Петар Денчев

Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ-Транзен” во соработка со Издавачката куќа „Готен” синоќа организираа вечерна интерактивна средба со еминентните автори Марија Павловиќ од Србија и Петар Денчев од Бугарија. На средбата се зборуваше за нивното творештво, за балканската литературна и културна сцена, за предизвиците со кои се соочуваат авторите од овие простори, за јазичните бариери и блискости, како и за тоа каков е односот на македонската книжевна сцена во однос со оние од соседството.

Модератор на вечерта беше Далибор Плечиќ, кој го претстави творештвото на двајцата автори.

Марија Павловиќ е родена 1984 година во Лесковац, Србија. Авторка е на кратки приказни, драмски текст, песни, кратки раскази. Живее и работи во Берлин, каде е на докторски студии на компаративна книжевност на Freie Универзитетот.

Петар Денчев е бугарски писател и театарски режисер. Има номинации и награди од различни конкурси за поезија, проза. Со романот “Како што мажот ja бакнува љубената” победил на конкурсот за нов бугарски роман “Развој” во 2007 година. Во периодот 2017-2018 година е драматург на Драмски театар „Стојан Бачваров” во Варна. Во театарот работи според текстови на автори како Едвард Олби, Жорди Галсеран, Сара Рул, Шекспир, Молиер. Негови претстави учествувале на фестивали и форуми во Србија, Романија, Косово и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот