Книжевна промоција: Нов роман „На враќање“ од Фросина Пармаковска

Четвртиот роман „На враќање“ на Фросина Пармаковска беше промовиран на 16 септември во Младинскиот културен центар во Скопје. Промотори на романот, издание на „Или-Или“, беа Октај Ахмед и Душко Крстевски. Авторката Фросина Пармаковска (Скопје, 1985) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, катедра за Општа и компаративна книжевност и магистрирала на Институтот за македонска литература, на Културолошки студии, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.

Првиот романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура) Пармаковска го објави во 2013 година, со вториот „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финалето за наградата Роман на годината на „Утрински весник“, додека со третиот „Одбројување“ ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Во 2018 година, на Саемот на книга, го доби и признанието за најуспешен домашен автор, што го доделува Македонската асоцијација на издавачи. Со романот „На враќање“ ја потврдува својата посветеност кон овој книжевен жанр.

– Пишувањето роман бара трпение и посветеност, а пишувањето добар роман бара и талент за привлечно и деликатно раскажување на приказната. Нема сомнение дека Фросина Пармаковска го има и едното и другото во овој нов, возбудлив спој на конкретното и универзалното, на судбинското и рационалното, на патувањето и враќањето во домот – напиша рецензентката Елизабета Баковска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот