КНИЖЕВНА КЛАСИКА: „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски

Издавачкиот центар „Три“ го објави познатиот роман „Небеска Тимјановна“ на еден од најзначајните и најдаровити македонски поети и раскажувачи Петре М. Андреевски (1934-2006).

Романот се занимава со човечката димензија во време на војна, раскажан со гласот на Небеска Тимјановна, главниот женски лик и водечка сила во приказната. Таа е карактер што жилаво се бори против окупаторот и се издигнува до архетип на храброста. Фигура што пренесува трајна вредност за тоа што значи да се биде жена и мајка во македонската книжевност.

Збогатувајќи ја македонската книжевност со „Небеска Тимјановна“, авторот со својата мајсторија и моќ одново ја покажува и докажува силната желба да се биде признат во и преку јазикот. Со приказ на тогашната социјална и политичка состојба, Андреевски ја нагласува потребата на секој човек да го потврди својот идентитет.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 22, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот