Книжевен жезол 2020: Во чест на поетските лауреати

Друштвото на писателите на Македонија, во рамките на манифестацијата „Празник на липите“, ја промовираше збирката што содржи поезија од македонскиот поет Михаил Ренџов и неговиот словачки колега Мирослав Биелик, лауреати на „Книжевен жезол 2020“.

Поради пандемијата на коронавирусот место во својот традиционален термин во јуни, манифестацијата се одржа на 10 септември на платото пред МКЦ. На свеченоста му беше врачена наградата „Книжевен жезол 2020“ на Михаил Ренџов, а за неговиот поетски опус говореше Владимир Мартиновски.

– Може да се каже дека поетскиот ракопис на Михаил Ренџов се занимава, пред сѐ, со најнедофатливото и најдрагоценото на овој свет – со душата и духовното, па затоа и го заслужува прекрасниот неологизам – душопис. Во неговата поезија ем се пишува за (состојбите на) душата ем се добива впечаток дека токму таа го раководи творечкиот чин – рече професорот Владимир Мартиновски.

На манифестацијата беше прочитано и писмо од странскиот добитник на жезолот, словачкиот поет Мирослав Биелик, кој поради пандемијата не беше во можност да допатува во Скопје. Манифестацијата се реализираше со поддршка од Министерството за култура на РС Македонија и под покровителство на Град Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 48, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот