Книжевен превод: Збирката раскази „Делфинот“ од Александар Прокопиев излезе во Словенија

Збирката раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот писател Александар Прокопиев излезе од печат во превод на словенечки јазик. Издавач е КУД „Апокалипса“ од Љубљана, а автор на преводот е Тим Сенчар. За словенечкото издание на книгата, писателот, поет и критичар Јуриј Худолин, меѓу другото, истакна:

– „Делфин“ е збирка раскази во која постмодернистичката интертекстуалност, типична за некои од претходните негови книги, е омекната со интимни засолнувања, приказни што итро се вградени во нарацијата, раскажани со класична тактика на наративност на настани со традиционални нишки.

Писателот честопати се навраќа на детството, потоа продолжува со еротските сништа од тинејџерските години и за кратко време застанува на темата што ја претставува со алузија сродна со саркастичниот апсурд на Гогољ, можеби дури и хармсовски: во расказите „Патување на еден капут“ и „Паричник“ вешто и хумористично ги одгатнува моралните прашања што го погодуваат човекот кој копнее по недостижното; иако Прокопиев раскажува верижно и питко, во поттонот ги разоткрива големите теми, прашањата за човечката чест, совест и чесност – напиша Худолин.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот