Книжевен превод: Романот „Неверство“ на Дејан Трајкоски е објавен во САД

Американската издавачка куќа „Далки аркајв прес“ го објави македонскиот роман „Неверство“ на Дејан Трајкоски. Преводот на книгата на англиски јазик е дело на преведувачот Пол Филев.

– „Далки аркајв прес“ е една од најреномираните издавачки куќи во САД, кои објавуваат литературни преводи и имаат професионална дистрибуција на пазарот во САД и Ирска. „Далки аркајв прес“ е познат и по годишната антологија на нова европска проза, со која промовира триесетина автори од Европа пред читателите во САД. Од овие простори, во нивното портфолио се преводите на англиски јазик на дела од Данило Киш, Давид Албахари, Светислав Басара, Георги Господинов, Румена Бужаровска – информира македонскиот издавач на романот, „Батапрес“.

Романот „Неверство“ во 2015 година беше финалист за годишната награда за прозна книга на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“, беше во потесен круг за наградата Роман на годината на „Утрински весник“, а ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“. Дејан Трајкоски е идеен автор на Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“ и уредник на издавачката куќа „Прозарт медиа“. Автор е и на романот „Вистина. Љубов. Рашомонијада“ (2012).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 35, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот