Книжевен превод: Роман „Конци на судбината“ од Марија Дуењас

Јубилејната 600-та книга во издание на „Антолог“ од Скопје е преводот на романот „Конци на судбината“ од шпанската авторка Марија Дуењас. Романот е објавен во рамките на проектот „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови“. Станува збор за дело што ја издигна Марија Дуењас на врвот на најчитаните автори во Шпанија и во целиот хиспанојазичен свет. Читателот пред себе има возбудлив историско-шпионски роман, во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби.

Марија Дуењас (1964) е шпанска писателка. Била професорка по англиски јазик и литература на Универзитетот во Мурсија и на неколку универзитети во Северна Америка. Нејзиниот прв роман „Конци на судбината“, објавен во 2009 година, веднаш постигнал голем меѓународен успех. Преведен е на повеќе од 25 јазици, а снимена е и телевизиска серија. За него ја добила наградата на градот Картагена во категоријата историски роман во 2010 и наградата на градот Мадрид за култура во категоријата литература во 2011 година.

Во изданието на „Конци на судбината“ на македонски јазик преводот од шпански е дело на Виолета Јагев, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на Министерството за култура на РСМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 76, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-11 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот