Книжевен превод: „Гитара од палисандер“ од Кристина Гавран

Издавачката куќа „Антолог“, во рамките на проектот „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови“, го објави романот „Гитара од палисандер“ од хрватската авторка Кристина Гавран. Романот е фокусиран на пет женски судбини. Навидум оддалечени со векови, секоја во својот свет и во својата приказна, со своите затворени светови што еволуирале од митот и суеверието до современите обрасци на однесување и женска еманципација, на крајот на романот овие жени ќе бидат поврзани во голема приказна за таинствените врски што се протегаат низ вековите.

Кристина Гавран е родена во 1987 година во Загреб. Дипломирала драматургија на Академијата за драмски уметности во 2013 година. Во текот на студиите работела како драмски педагог, играла во претстави за деца и пишувала за „театар.хр“. Води работилница за креативно пишување и драмски игри за деца и возрасни. Во изданието на „Гитара од палисандер“ на македонски јазик преводот од хрватски е дело на Владимир Јанковски, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на Министерствата за култура на Република Северна Македонија и на Република Хрватска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 72, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот