Книжевен превод: „Артконект“ објави роман за мачниот пат до прифаќањето на себеси

Издавачката куќа „Артконект“ го објави романот „Татковина“ од Фернандо Арамбуру, кој напишал приказна за две семејства што живеат во едно мало баскиско село во близина на Сан Себастијан. Нивното долгогодишно блиско пријателство ќе биде загрозено со порастот на национализмот, а потоа и целосно распарчено со појавата на паравоената организација ЕТА.

Со објавувањето на „Татковина“ во 2016 година, Фернандо Арамбуру станува еден од најнаградуваните и најпреведуваните шпански автори. Само дел од наградите што ги добил за овој роман се: „Националната награда за шпанска книжевност“, „Наградата на шпанските критичари“, „Бокачо“ за преведена проза, Европската награда „Стрега“, „Еускади“, „Франсиско Умбрал“, „Рамон Рубиал“ за роман, „Лампедуза“…

„Во романот ’Татковина‘ воопшто не е важно ни убиството на главниот лик, ни кој е убиецот, ни прошката, ни помирувањето. Зашто мртвите нема да се вратат, а живите исто како да не се живи“, напиша уредникот на македонското издание, Ацо Пероски. Низ панорамски приказ што опфаќа повеќе од три децении, овој потресен и длабок роман зборува за осцилациите меѓу љубовта и омразата и за мачниот пат до прифаќањето на себеси.

Книгата е објавена како дел од проектот „Европски приказни на надеж“ на „Артконект“, поддржан од „Креативна Европа“ на ЕУ. Преводот е на Катерина Јосифоска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 109, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 11-12 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот