Книжевен и творечки фестивал за деца на „Чудна шума“ ќе се одржи во МКЦ

Првиот книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба“, во организација на издавачката куќа „Чудна шума“, ќе се одржи на 24, 25 и 26 јуни. Настаните, кои вклучуваат промоции на книги за деца и млади, читања и дружења со автори и илустратори на книги за деца, креативни работилници, како и летен саем „Ни ден без книга“ со книги за деца и млади на повеќе издавачки куќи, ќе се одржуваат на две локации – на платото пред МКЦ и во просториите на Детскиот креативен центар во рамки на МКЦ, секој ден од 17 до 21 часот.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку промоции на книги за деца и млади: промоција на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски и илустрации на Хари Дудески – книга која ја доби првата награда за Најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, концертна промоција на најновата книга за деца на Владимир Лукаш – „Пу за Мите, пу за сите!“, како и промоција на изданието „Креативен дневник – ни ден без творба“ на Билјана С. Црвенковска и Доротеј Нешовски – активности по цртање и креативно пишување за 365 дена во годината.

На летниот саем „Ни ден без книга“ ќе можат да се најдат изданија за деца и млади на „Чудна шума“, „Бегемот“, „Гаврош“, „Елоквента“, „Светулка“, „Антолог“, „Темплум“, „Светот на Биби“, „Сказнувалка“, „ПНВ публикации“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот