Книжарницата на Литература.мк со пристор од 500 м2 нуди можност за литературни читања, поетски средби и промоции на книги

На вториот кат во Сити мол, на местото на поранешната игротека, пред два дена се отвори книжарницата на Литература.мк, која има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар. Карактеристично за оваа книжарница е тоа што е најголема во Македонија, и нуди можност за литературни читања, промоции на книги и поетски средби. Татјана Димовска Атанасовска денес во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ го појасни начинот на работа на книжарницата.

–Отворањето на книжарницата беше планирано да се случи кон средината на март, но пандемијата на коронавирусот го одложи отворањето се до сега. Инаку на овој проект работевме околу две години. Оваа книжара ќе се разликува од останатите по тоа што просторот е значително поголем, понудата е побогата во однос на програма за подароци, имаме и простор за изложување на делата од уметници кои се уметност за занимаваат од хоби, но книжарницата ќе биде препознаѕлува и по кафе барот, во кој ќе можат посетителите да пијат кафе додека читаат книга, вели Татјана.

Прочитајте и...  ВО ЖИВО: Прес-конференција на МЗ, Венко Филипче

Таа додава дека периодов значително е зголемена побарувачката на книги.

-Морам да нагласам дека потребата на луѓето да се оддалечат од секојдневните вести поврзани со кризата, ги натера повеќе да читаат книги. Трилерите, биографиите на познати личности и историска фикција беа меѓу најбатаните жанрови изминатиов период. Исто така се бараше и детска литература, додава Атанасовa.

 

Прочитај повеќе

Николовски: Со сопругата сме негативни на ковид-19, давам огромна поддршка за партиските другари

Слободен печат

Последни подготовки на француските угостители пред утрешното повторно отворање на локалите

МИА Агенција

„Од Белград до Софија за 3 часа“ – Вучиќ и Борис во обиколка на новиот автопат

Слободен печат

Коста Петров: Иако звучи како клише, здравјето е најважно

Слободен печат

Трудо со поддршка на демонстрациите против расизмот и дискриминацијата

Слободен печат

ФБИ ќе и помага на локалната полиција во Вашингтон за време на протестите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во првиот ден над 300 пријави за запишување првачиња во Тетово

Слободен печат

„Претседателе немојте да се криете“: Америка гори, Кина трие раце и порачува „Уживајте во глетката“

Слободен печат

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија го доживува вториот пик

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Овој човек е ноќна мора за „Твитер“ и „Фејсбук“: Трамп потпиша нов налог кој се заканува на доминацијата на технолошките гиганти

Слободен печат

Пленковиќ ги откри носителите на листи на ХДЗ на престојните избори