Книги од Лидија Димковска се преведени на словенечки и на бугарски јазик

Насловни корици на преведените книги

Во издание на најголемата словенечка издавачка куќа „Младинска книга“, а во препев на Алеш Мустар, излезе поетската збирка „Гранична состојба“ од Лидија Димковска.

Книгата „Гранична состојба“, објавена во 2021 година во „Или-Или“, ја доби наградата за најдобра поетска збирка „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, а беше номинирана и за наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Истовремено, во Софија, Бугарија, излезе поголем избор од целокупното поетско творештво на Димковска, „(Не)удобноста на поезијата“, во препев на бугарски јазик на Поли Муканова и во издание на издавачката куќа „ДА“ од Софија, специјализирана за поезија.

Ова е четврта книга на Лидија Димковска преведена на бугарски јазик, по романите „Скриена камера“, „Резервен живот“ и „Но-Уи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот