Книгата за Скопје со наслов „Град“ од Иван Џепароски е преведена на српски јазик

Насловна корица на книгата

Издавачката куќа „Граматик“ од Белград (Србија) неодамна ја објави поетската збирка „Град“ на македонскиот поет и естетичар Иван Џепароски. Од македонски на српски јазик книгата ја преведе познатиот српски поет и писател Рајко Лукач.

Инаку, овој превод на книгата „Град“, која е во целина посветена на родниот град Скопје на поетот Џепароски, се совпаѓа со шеесетгодишнината од Скопскиот земјотрес (1963), за кој во ова поетско дело се испеани повеќе песни.

Книгата „Град“ е втор поетски препев на Рајко Лукач на поезијата на Иван Џепароски, по објавувањето на поетското дело „Светлината на Света Гора“ („Светлост Свете Горе“) во 2018 година, за кое Џепароски во 2016 година го доби највисокото поетско признание кај нас – наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 180, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 27-28.5.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот