Книгата „Стилските фигури во наставата по македонски јазик“ од м-р Мирјана Стојановска е промовирана во Битола

Во Универзитетската библиотека во Битола на 19 мај беше промовирана книгата „Стилските фигури во наставата по македонски јазик“ од м-р Мирјана Стојановска. Промотор на книгата беше проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, фрагменти од книгата читаше Јана Ѓоргиевска, а со музички точки настапи солистот Драган Микаровски.

– Книгата е магистерски труд на Стојановска во која е објавен првиот теоретски дел од овој труд кој опфаќа: историски пристап во развојот на стилските фигури, класификација и објаснување на четириесет изразни средства низ примери во лирски песни и методски решенија за полесно изучување на стилските фигури во наставата по македонски јазик во основно и средно образование. Во недостаток на литература од овој вид се очекува книгата да даде значаен придонес во наставниот процес, како книга-прирачник за наставниците, професорите и учениците – истакна промоторот Трајковска.

Инаку, Мирјана Стојановска е поетеса, автор на девет книги поезија, една книга кратки раскази и е приредувач на пет поетски зборници. Стојановска беше прв претседател на Клубот на писателки „Даница Ручигај“ при Друштвото на писатели на Македонија. Нејзината поезија е преведена на германски и српски јазик и во изминатите години е промовирана на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт и во Белград. Објавувањето на новата книга е овозможено со финансиска поддршка на женскиот приватен сектор од Битола, кои самоиницијативно понудиле финасии за печатење и хонорар за авторката.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 81, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 22-24 мај 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот