Книгата „Несреден век“ од Тихомир A. Јанчовски ќе има мултимедијална промоција

Промоцијата на книгата „Несреден век“ од Тихомир A. Јанчовски, што ќе се одржи во Кинотека на Македонија, на 17 октомври, од 12 часот, планирано е да има мултимедијален карактер. Ако времето е убаво, промоцијата ќе биде на отворено, ако не – внатре во Кинотеката.

Промотор ќе биде Тања Аждаја, а на промоцијата песни ќе читаат Оливер Белопета, Добрила Грашеска, Зоран Тортевски, Емилија Пападимитров и Горазд Кени Китановски. Во музичкиот дел ќе настапи групата „Летечки пекинезери“, со визуелен перформанс ќе се претстави Страхил М. Петровски, а специјални гости на настанот ќе бидат членови на групата „Мизар“.

– Средниот век не треба да се сфати само како време од петтиот до петнаесеттиот век, среден век е и средовечната возраст на човекот, откај 35 до 65. А среден век е и обратно од неСреден век, век во кој сѐ е средено и подредено, без неред и хаос. Е сега… кој е мрачен, а кој светол, среден или несреден… јас си знам, а и вие претпоставувате – загатнува авторот на книгата во својата покана до читателите за присуство на промоцијата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 101, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот