Книгата „Куферот на Хана“ ги едуцира децата за холокаустот

Во спомен на жртвите на холокаустот и на кобната Кристална ноќ (9 ноември), која се смета за почеток на погромот и злосторството врз Евреите низ Европа, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ја промовираше книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин.

Наградуваната книга за деца од канадската авторка и новинарка, Карен Левин, на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е објавена во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Изданието е дел од едицијата „Читанки“ и е наменето за деца над 10-годишна возраст, преку кое, на суптилен образовен начин, ќе се едуцираат за тешката судбина на Евреите и за холокаустот.

„Куферот на Хана“ е необична вистинска приказна што ја оживува историјата на холокаустот и има за цел да ги образова младите читатели за овој мрачен период, кога било извршено едно од најголемите злосторства во историјата кон еден народ.

Карен Левин (родена 1955 година) е канадска радиопродуцентка и писателка. За своите радиодокументарци „Изгубена невиност: Децата од Втората светска војна“ и „Убиство во соседството“ има добиено две награди „Пибоди“, во 1989 и во 2001 година. Повеќе од 30 години има работено за Канадската радиодифузна корпорација („Си-би-си“).

Авторските права за објава на книгата „Куферот на Хана“ се продадени во 40 земји низ светот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 106, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 20-21 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот