Книгата „Кој ќе ги изброи пчелите“ од Енес Халиловиќ е поетски прирачник за очудување на светот

Како дел од издавачката продукција на Здружението за уметност и култура на живеење „Израз“ објавена е книгата „Кој ќе ги изброи пчелите“ од Енес Халиловиќ (1977, Нови Пазар, Србија), еден од најзначајните современи автори во регионот и добитник на наградите „Меша Селимовиќ“, „Бранко Миљковиќ“, „Ѓура Јакшиќ“, „Ахмед Вали“ и други.

Станува збор за концептуална книга во која се објавени стихови од Халиловиќ од неговата прва стихозбирка „Средната буква“ (1995) и последната објавена книга „Бангладеш“ (2019), како еден вид генеза на поетиката на овој автор.

Преведувачката на книгата, Сеида Бегановиќ, македонска писателка, за поетската збирка истакнува дека тоа е прирачник за очудување на светот, имагинарна репортажа напишана од луциден и, пред сѐ, мудар набљудувач на цивилизацијата и човечката природа. Покрај поетските толкувања на темите за основните прашања на филозофската антропологија, поетот во своите стихови го презентира својот оригинален концепт за светот и преку „Манифест на квантумизмот“, опсесивно се обидува да навлезе во тајните на јазикот и на бројот.

Издавањето на книгата е поддржано од Регионалната мрежа за културна разновидност (READ) и ЕУ. Здружението „Израз“ промовира создавање на јазична платформа во малцинските заедници, а првата промоција на книгата се одржа пред жителите на с. Љубин, во скопската општина Сарај, со помош на членовите на книжевниот клуб „Мак Диздар“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 102, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-24 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот